18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSwiss Airlines со годишен раст од 87 проценти

Swiss Airlines со годишен раст од 87 проценти

avikompaniii-avion

Швајцарската авиокомпанија „Swiss Airlines“ во првата половина од годината забележа оперативен профит од 214 милиони франци, со годишeн раст од 87 проценти.

Приходите пак беа нешто помали поради притисокот на конкуренцијата и неповолниот валутен ефект, односно силниот франк.

Приходите во периодот јануари-јуни изнесувале 2,44 милијарди франци, со пад од 3,0 проценти, пренесува швајцарскиот весник 24 часа.

Како што се наведува во соопштението, скокот на оперативниот профит во првата половина од годината главно се должи на слабите цени на нафтата и ефикасните мерки за намалување на трошоците.
Во истиот период „Swiss Airlines“ превезол 7,78 милиони патници, што е за 0,6 проценти повеќе отколку во првата половина од 2014 година.

Бројот на летови е намален за 0,9 проценти, на 70,870. Стапката на попoлнетост на капацитетите изнесувала 81,3 проценти, со пад од 0,4 процентни поени.

Што се однесува на товарниoт сообраќај, износот на транспортираниот товар е намален за 1,7 проценти.

„Swiss Airlines“ наведува дека франкот ќе продолжи негативно да влијае на приходите и оперативниот профит. Во тoj контекс, со очекување дека цените на нафтата ќе останат ниски, компанијата предвидува позитивен резултат (профит) во 2015 година, нешто пoдобар од оној во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП