23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИнтернет дронот на Facebook е подготвен за летање

Интернет дронот на Facebook е подготвен за летање

dron fb 22

„Facebook“ ја заврши работата на својот прв дрон за дистрибуција на интернет конекција на оддалечените области. Дронот „Aquila“ беше претставен минатата година, но беше предмет на потсмев. Сепак, тој сега веќе е готов за летови.

Дронот има распон на крилата колку „Boeing 737“. Тој е покриен со соларни панели и е именуван според орелот на Зевс во грчката митологија. „Aquila“ ќе е дел од проектот на „Facebook“ за  „Internet.org“ и ќе обезбедува врска со глобалната мрежа за луѓе кои немаат пристап до неа поради географски, физички или политички причини. Според Марк Зукерберг тоа се околу 10% од светското население.

„Aquila“ тежи 400 кг. и ќе лета на височини меѓу 18 и 24 километри. Тој ќе може да лета во небото до 90 дена. Леталото ќе може да комуницира со друго преку ласерски систем, за да обезбедува рамномерна покриеност над целиот регион, над кој летаат. Еден дрон ќе може да обезбедува интернет пристап во радиус од околу 80 километри.

Дроновите ќе се креваат до 30-тина километри височина преку балони. Потоа ќе бидат „ослободени“ и ќе влезат во својот пат самостојно. Ноќе, кога батериите не се полнат, дронот ќе користи минимално енергија за летање, колку да се оддржува висина од 18 километри. Во текот на денот ќе се издига до максималната висина и циклусот ќе се повторува на секои 24 часа. Кога ќе дојде време за слетување, тоа ќе се случува според принципот на безмоторните авиони.

Плановите на „Facebook“ се да ги започне првите тестови на „Aquila“ во рамките на следните два месеци. Најверојатно тоа ќе се случи на територијата на САД.

„Facebook“ планира да ги развие дроновите, но не и да оперираа со нив независно. Компанијата сака да соработува со телкеомо и влади, за да може да се користат дроновите без проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП