19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПекинг домаќин на ЗОИ во 2022 година

Пекинг домаќин на ЗОИ во 2022 година

зои-зимски-олимписки-игри

Главниот град на Кина, Пекинг, ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри (ЗОИ) кои ќе се одржат во 2022 година, одлучи во петокот Меѓународниот олимписки комитет (МОК).

Пекинг заедно со казахстанскиот Алмати влезе во трката за добивање на организацијата на Игрите во 2022 година, а на гласањето во Куала Лумпур делегатите довербата му ја дадоа на главниот град на Кина.

МОК не соопшти со колку гласови Пекинг ја добил организацијата на ЗОИ во 2022 година.

Инаку, Пекинг и пред гласањето беше фаворит во однос на Алмати, иако во овој кинески регион има недостиг од снег и воопшто од зимски услови.

Пекинг ќе биде првиот град кој бил домаќин на Летни и Зимски олимписки игри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП