25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Гал краде играч пред носот на Мурињо!

Ван Гал краде играч пред носот на Мурињо!

jons stons 02

Неочекувано, дефанзивецот на Евертон, Џонс Стоунс прерасна во ѕвезда на преодниот рок. Него го посакуваат Челзи и клубовите од Манчестер, а „сините“ веќе понудиле преку 30 милиони евра, но оваа понуда е одбиена.

Евертон не сака да се откаже од новиот репрезентативец, но медиумите претпоставуваат дека за сума помеѓу 35 и 40 милиони би можело раководството да попушти.

Цените на англиските играчи „летаат во небо“ поради правилата за квотата на домашни фудбалери кои мораат да бидат регистрирани во новата сезона, но оваа сума за Стоунс делува како неразумна.

Јунајтед влезе во игра, па најверојатно се подготвени покрај 30 милиони меѓу „карамелите“ да го испратат и Џони Еванс, кој и беше желба на Евертон во некои од претходните преодни рокови.

Мурињо сепак се надева на тоа дека Стоунс сака да премине во Челзи, а дека овој 21-годишен фудбалер ќе биде продаден на некој од најголемите и најбогатите клубови во Англија сведочи и фактот дека Евертон веќе преговара со Свонси околу Ешли Вилијамс, кој го сметаат како замена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП