16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканската економија со солиден раст од 2,3 проценти

Американската економија со солиден раст од 2,3 проценти

amerika1

Американската економија, во вториот квартал по острата зима која е неповолна за економијата остври солиден раст од 2,3 проценти.

Растот е остварен поради зголемената потрошувачка во малопродажбата и закрепнувањето на надворешната трговија.

Министерството за трговија на САД соопшти дека БДП во периодот април-јуни е зголемен за 2,3 проценти на годишно ниво, но и дека во првите три месеци растот изнесувал 0,6 проценти наместо 0,2 проценти кои претходно беа проценети.

Економистите очекуваат дека во втората половина од годината американската економија ќе има уште посилен раст од околу три проценти бидејќи ќе биде дополнително зголемена потрошувачката во малопродажбата благодарение на значителното зголемување на вработеноста.

Знаците за зајакнување на пазарот на труд и очекувањата за побрз раст можат да помогнат во одлуката на централната банка да ја зголеми референтната каматна стапка која е близу нулата од 2008 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП