25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Procter&Gamble се намали речиси за четири пати

Профитот на Procter&Gamble се намали речиси за четири пати

p&g aaa

„Procter&Gamble Co“ (P&G) ги обелодени скромните очекувања за новата фискална година, откако продажбата се намали за 9,2% во првото тримесечје до крајот на јуни, соопшти „MarketWatch“. Компанијата е под силен притисок поради сметководствената промена на своите операции во Венецуела.

Компанијата забележа профит од 521 милиони долари, или 18 центи по акција, што е силен пад во однос на 2,58 милијарди долари, или 89 центи по акција, една година порано.

Приходите на компанијата се намалија до 17,79 милијарди долари од 19,6 милијарди долари колку што изнесуваа пред 12 месеци.

Аналитичарите анкетирани од Thomson Reuters, очекуваа заработка по акција од 95 центи и приходи во износ од 17,98 милијарди долари.

Акциите поевтинија за 1,4% во предпазарната трговија на „Wall Street“.

За фискалната година што завршува во 2016-та година, компанијата очекува приходите да бидат во опсег од „малку под“ минатогодишните 3,77 долари по акција до пораст со „средна едноцифрена стапка“.

Од „P&G“ исто така изјавија дека наглите девизни измени во последните квартали се намалиле во вкупната продажба за 4-5 процентни поени.

Гигантот во потрошувачките производи се наоѓа во транзиција. Во почетокот на месецот компанијата соопшти дека ќе ги oтдели некои од брендовите, вклучувајќи ги шампоните „Wella“, боите за коса „Clairol“ и шминката „CoverGirl“ и ќе ги соедини со „Coty Inc“ во договор во вредност од 13 милијарди долари.

Потоа од „P&G“ соопштија дека извршниот директор A. Џ. Лафли ќе се повлече од функцијата, а тој ќе биде наследен од Дејвид Тејлор кој веќе 35 години работи во компанијата и кој ќе ја преземе функцијата на 1-ви ноември. Лафли пак ќе остане во компанијата како извршен претседател.

Во последниот квартал во вкупниот обем на продажбата на компанијата е намален за 1%, воден претежно од намалувањето за 4% во единицата за производи за убавина и потрошувачка грижа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП