29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвиот американски хиперавтомобил (видео)

Првиот американски хиперавтомобил (видео)

am hiper

Пред неколку месеци беше најавен првиот американски хиперавтомобил кој го имаше и своето прво видео деби. Автомобилот се нарекува „Trion Nemesis“ и ќе биде достапен во неколку верзии, а се очекува да се појави на пазарот во почетокот на 2016-та година.

Автомобилот од видеото не е производствената верзија на „Trion Nemesis“. Примерокот нема ниту мотор, ниту дури странични ретровизори.

Што се однесува до дизајнот на автомобилот, тој не може да се дефинира како нешто оригинално. Се забележува дека возилото наликува на „McLaren P1“ и „Lykan Hypersport“, но главното достоинство на овој автомобил не се формите, туку динамичките можности, додаваат од „Trion SuperCars“.

Најмоќната верзија на „Nemesis – IS“, ќе располага со моќност од 2000 КЅ. Таа ќе се генерира од 9,0-литарски „V8“ мотор со двојно турбо, моќ која се пренесува на сите четири тркала. При оваа верзија забрзувањето од 0 до 100 км/час ќе трае помалку од 2,8 секунди, а максималната брзина на движење ќе поминува 435 км/час.

Овој „Nemesis“ ќе чини 2,2 милиони долари, а ќе биде произведен во само 10 примероци. За оваа сума сопствениците ќе добијат и 2% од компанијата „Trion SuperCars“.

Другата верзија на „Nemesis“ ќе се вика „RR“, а ќе биде изработена во 50 примероци и ќе го користи истиот 9.0-литарски „V8“ мотор со 2000 КС. Тука цената ќе биде 1,6 милиони долари, но купувачот нема да добие удел во компанијата.

Третата опција на „Nemesis“ ќе располага со 1.600 КС, кои треба да му обезбедат забрзување до 100 км/час за околу 3,5 секунди и максимална брзина на движење од 350 км/час. Оваа верзија наречена „GT“, ќе има погон на задните тркала и ќе се нуди само како кабриолет. Нејзината цена ќе биде 1,2 милиони долари, а ќе биде произведена во околу 100 единици.

Сите верзии на „Nemesis“ се изработени од карбон и користат 8-брзински секвенцијален менувач. Сопирачките се карбон-керамички, а апаратите напред се со 6 клиповите, а одзади со 4. За моделот е предвиден и систем со неколку режими на управување.

Производството на Nemesis ќе стартува во јануари 2016-та година, па наскоро можеме да очекуваме повеќе детали за овој модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП