25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаст на продажбата и нето добивката на Атлантик Група

Раст на продажбата и нето добивката на Атлантик Група

atl

Атлантик Група во првата половина на 2015 година, генерираше приходи од продажба од 333,1 милиони евра што во споредба со истиот период во 2014 година, претставува зголемување од 3,5 проценти. Добивката пред камати и даноци (EBIT) изнесува 27,3 милиони евра, што претставува намалување од 10,0 отсто, а во најголем дел се должи на зголемување на цените на суровините, додека нето добивката по малцинските интереси изнесува 18,9 милиони евра, што претставува зголемување за 9,6 отсто.

Од важните бизнис настани во првата половина на годината, се издвојуваат: проширувањето на дистрибутивното портфолио, развојот на сопствените брендови, кои благодарение на иновациите и квалитетот продолжуваат да освојуваат меѓународни признанија, продолжување на интеграциските активности на Foodland и пуштање на производниот погонза енергетските барови во Нова Градишка. Во втората половина на 2015 година, фокусот ќе биде на понатамошен развој на бизнисот во постојните пазари и интернационализација, како и управување на оперативните и финансиските обврски и ризици.

Со отворањето на нов модерен објект за производство на енергетски барови, во чија изградба и опремување беа инвестирани 13,3 милиони евра, продолжи консолидацијата на капацитетите за производство на Атлантик Група, при што производството во овој сегмент на спортска исхрана успешно беше пренесенаод договоренитенадворешни производители во сопствени погони. Во текот на првата половина од 2015 година, исто така, во фокусот беше интензивната интеграција на компанијата Foodland д.о.о. во  Атлантик Група, со што се создадоапредуслови за поефикасно управување и активирање на планираните синергиски ефекти во рамките насистемот.

За севкупниот раст на продажбата на Атлантик Група во првата половина на 2015 година најмногу придонесеСтратешката бизнис област Деликатесни намази со раст од 6,2 проценти, Стратешката бизнис областСлатко и солено со раст од 4,8 отсто, Стратешкатабизнис областПијалоци со раст од 2,3 отсто, Стратешката дистрибутивна област Хрватска со раст од 6,3 отсто и Стратешката дистрибутивна област Србија со раст од 5,7 отсто. Кафето со 19,3 отсто удел од вкупната продажба се издвојува како најголема поединечна категорија со 64,1 милиони евра приходи од продажба.

Во однос на пазарите, најголем пораст од 7,3 проценти е остварен на српскиот пазар, кој е втор по големина во Атлантик Група со учество во вкупните приходи од 22,8 отсто. Хрватскиот пазар, кој со 26,0 проценти има најголем удел во приходите од продажбата, бележи раст од 6,6 отсто, додека пазарот Босна и Херцеговина бележи раст од 6,1 отсто во првото полугодие со учество од 7,3 отсто од вкупните приходи од продажба.

Сопствените брендови на Атлантик Група учествуваат во продажбата со 65,3 проценти, дистрибуцијата на брендовите од принципалите со 18,5 отсто, фармацевтскиот ланецФармација со 6,5 ​​отсто, додека производите кои Атлантик Група ги произведува како приватни брендови за големите бизнис системи во земјата и странство учествуваат со 9,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП