24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИS6 разочара, Samsung ги намалува цените

S6 разочара, Samsung ги намалува цените

sestica 30303

Профитот на „Samsung“ забележа пад од осум проценти во однос на минатата година, а компанијата потврди дека лансирањето на моделите „Galaxy S6“ и „S6 Edge“ имале „значително маргинално влијание на работењето“.

Корејскиот гигант објави дека профиот е намален на 4,93 милијарди долари, како и дека за тоа е заслужен и помалиот број на испораки на водечките паметни телефони.

„Samsung“ соопшти дека мобилната дивизија ја очекува „тешка бизнис средина“ во втората половина од годината, но планира да го одржи нивото на продажба со прилагодување на цените на моделите „S6“ и „S6 Edge“, но и воведување на нови модели од високата класа, како „Galaxy Note 5“ и „Galaxy S6 Edge Plus“.

Претставувањето на овие модели ќе се одржи многу порано од вообичаено, поточно во Њујорк на 13-ти август.

Јужнокорејскиот конгломерат веќе петти по ред квартал бележи пад на нето профитот, главно поради силната конкуренција на презаситениот пазар на смартфони на кој со години доминираше. Профитот од работењето во исто време е намален за 4,03 oтсто или на 6,9 илјади милијади вона, а приходите за 7,3 проценти или на 48,5 илјади милијарди вона.

И покрај забавувањето на продажбата, „Samsung“ во вториот квартал остана водечки светски продавач на смартфони со пазарен удел од 21,7 проценти, покажа истражувањето на компанијата „IDC“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП