28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрви слики oд идниот Audi Q6

Први слики oд идниот Audi Q6

q6 etron

Германското издание „Auto Motor und Sport“ ги објави првите слики од прототипот на новиот кросовер на „Audi“, кој ќе нарекува „Q6“ и ќе биде опремен со електричен погонски агрегат. Концептот засега го носи името „C-BEV“ и ќе дебитира пред публиката на автосалонот во Франкфурт во септември.

Официјалната појава на електричниот кросовер беше потврдена од главниот инженер на „Audi“ – Улрих Хакенберг, уште во март. Тогаш тој призна дека во дизајнот на моделот ќе можат да се најдат црти од концептот „proloque“, но сериската верзија ќе биде емоционална и спортска.

q6 etron1

Новиот модел ќе биде изграден на модуларната платформа „MLB“, која е во основата на втората генерација „Audi Q7“. Погонот на кросоверот е доверено на модернизираните агрегати од суперавтомобилите „R8 e-tron“ кои развиваат 300, 400 или 500 КС. Со едно полнење новиот „Q6 e-tron“ ќе може да поминува околу 500 км.

Главниот конкурент на моделот на „Audi“ ќе биде идниот „Tesla Model X“, кој треба да излезе следната година. Германскиот електричен кросовер ќе се појави во 2017-та или 2018-та година, а се знае дека во Европа цените ќе стартуваат од 84.270 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП