20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на камерниот оркестар на Музичка Младина на Македонија

Концерт на камерниот оркестар на Музичка Младина на Македонија

камерниот-оркестар88

Концерт на камерниот оркестар на Музичка Младина на Македонија ќе биде организиран денес вечер во црквата „Света.Софија“ во Охрид.

Организатор на концертот е Министерството за култура во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија и фестивалот „Охридско лето“, а по повод одбележувањето на македонското претседавање со Централно европската иницијатива (ЦЕИ).

На концертот, во рамки на 55-то јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“ камерниот оркестар ќе настапи под диригентската палка на Елена Митревска, а ќе бидат изведени дела од: Eдуард Толдра, Јоханес Брамс, Бела Барток и Петар Илич Чајковски.

Централно-европската иницијатива е една од значајните регионални мултилатерални инцијативи формирана пред 26 години. Организацијата обединува 18 држави од Средна и Југоисточна Европа меѓу кои и Република Македонија. Земјите членки на ЦЕИ меѓусебе соработуваат на различни теми од взаемен интерес како на политички така и на економски план. Република Македонија и официјално стана претседавач со оваа реномирана организација во јануари годинава во период од една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП