19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan Leaf станува кросовер

Nissan Leaf станува кросовер

leaf niss2

Втората генерација на „Nissan Leaf“ ќе нуди повеќе модификации, вклучувајќи и кросовер, соопштува британското издание „Аutocar“.

Во „Nissan“ се повеќе од задоволни од презентацијата на „Leaf“, кој е најдобро продаваниот електричен автомобил во Европа во последните четири години. Токму затоа кај следната генерација на овој модел кој ќе се појави догодина ќе бидат предложени дополнителни модификации.

Покрај познататата силуета на хечбек со 5 врати, која ќе продолжи да се нуди, „Nissan“ ќе воведе и кросовер верзија. Информацијата не е потврдена официјално, но таквото решение изгледа повеќе од логично, бидејќи продажбата на кросовери продолжува да се зголемува на сите големи светски пазари.

Според информациите стандардниот „Leaf“ од новата генерација ќе биде не само со подобрен дизајн и удобност, но и со оптимизиран погонски систем. Електричниот агрегат ќе обезбеди поголема моќност и поголема автономија во километражата, кој ќе достигнува до 400 километри со целосно наполнета батерија. Верзијата кросовер ќе биде поголема и потешка, но исто така ќе располага со акумулатори со поголем капацитет, благодарение на што ќе се покаже слична автономија на километражата.

Пред да ја видиме следната генерација на електричниот автомобил, „Nissan“ ќе пушти на пазарот модернизирана верзија на овој „Leaf“. Моделот ќе добие нови батерии, благодарение на што возењето со едно полнење ќе порасне до над 200 км.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП