23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигнуваат нови фантастични „bluetooth“ звучници (видео)

Пристигнуваат нови фантастични „bluetooth“ звучници (видео)

ue roll

Доколку сакате да слушате музика на отворено и притоа да ја споделите со околината, преносните „bluetooth“ звучници направија вистинска мала револуција во претходните години.

Сепак, многу од нив имаат мали проблеми во смисла или се преголеми, или претешки или батеријата им трае кратко. „Ultimate Еars“ сега го нуди моделот „UE Roll“ кој некако успеа сите овие недостатоци да ги поправи и да понуди одлично музичко искуство.

„UE Roll“ според формата потсетуваат на некој вид земичка која е малку поголема од стандардното „CD“, a притоа нуди и различни бои и комбинации на дезенот, па така без проблем можете да ги вклопите во вашиот стил.

Нуди околу 8 часа аудио репродукција, но затоа и самото полнење трае малку подолго, поточно околу 5 часа.

Треба да се напомене дека го има и „IPX7“ стандардот за водоотпорност, што значи дека може да издржи до половина час потопен во длабочина до 1 метар. Ова е особено важно доколку сте на пикник и неочекувано заврне, но и ако сте на плажа и некој бран ги потпи.

Можете дури и два „Roll“ звучници да ги поврзете заедно и да добиете уште подобар звук. Сите оние кои имале можност да ги тестираат велат дека звукот е фантастичен, има солидна јачина, басовите се добри, а вокалите чисти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП