20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРасте фондот на US Open

Расте фондот на US Open

usopen

Челниците на „US Open“ го зголемија наградниот фонд за турнирот во 2013-та година за четири милиони долари, па сега тој изнесува 33.6 милиони, што е за осум повеќе од минатата година.

Меѓутоа, њујоршкиот Грен Слем не  планира тука да знастане, па така наградниот фонд за турнирот во 2017-та година се очекува да достигне фантастични 50 милиони долари.

Оваа и следната година финалните натпревари во машка конкуренција ќе се играат во понеделник, додека од 2015-та година финалните средби во двете конкуренции повторно ќе бидат во втората недела од турнирот (сабота-жени, недела-мажи).

Организаторите на турнирите во Париз (Ролан Гарос, 25-ти мај) и Лондон (Вимблдон, 24-ти јуни) се уште не соопштија колку ќе изнесува наградниот фонд на овие Грен Слем турнири оваа година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП