19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПоради овие 10 „безопасни“ изјави би можеле да добиете отказ

Поради овие 10 „безопасни“ изјави би можеле да добиете отказ

Fired Caucasian businessman carrying personal belongings

Она што го зборувате во деловното опкружување и начинот на кој тоа го зборувате би можело скапо да ве чини, а за тоа да не сте ни свесни. Навидум безопасните изјави би можеле да бидат погубни па затоа внимавајте што зборувате. Business Insider ви претставува 10 невини фрази поради кои можете да добиете отказ.

1. Jас тука повеќе не можам ништо

Малку е веројанто дека сте ги исцрпиле сите опции, а оваа фраза звучи како да ја избегнувате работата и одговорноста.

2. Тоа не е чесно

Поради ваквите изјави звучите како да се жалите на судбината. Животот не е фер, пораснете. Направете го она што морате и продолжете понатаму.

3. Тоа е невозможно

Поради ваквите изјави делувате неамбициозно. Ако доволно се трудите сигурно ќе можете да пронајдете некое решение.

4. Тоа не е моја работа

Без оглед на тоа дали нешто е ваша работа или не, ваквите изјави ги користат оние кои не се тимски играчи. Ако шефот ве замолил нешто да направите, тоа всушност станало ваша работа.

5. Знаете што ми се случи вчера…

Откривањето на премногу детали за приватниот живот би можело да предизвика непријатност кај колегите а тоа делува непрофесионално. Во ред е да му се пожалите на некој колега за време на паузата за ручек, но поради јавното изнесување на приватните проблеми можно е да добиете отказ.

6. Платата е мизерна

Ако не сте задоволни со платата, шефот или колегите бидете тивки, продолжете да работите и побарајте подобро решение.

7. Мојата компанија е ужасно место за работа

Без оглед дали ова ќе го изјавите на Фејсбук, Твитер или другите социјални мрежи, не мислете дека работодавецот не проверува што зборувате за него на социјалните мрежи.

8. Не сум доволно платен за ова

Поради ваквите изјави ќе испаднете мрзливец кој не ги цени приликите кои му се даваат. Ако мислите дека заслужувате зголемување постапете професионално.

9. Ќе се обидам

Оваа изјава открива недостаток на самодоверба кога станува збор за фаќањето во костец со новите работни предизвици.

10. Изгледате уморно

Кометирањето на изгледот на колегите ретко кога е примерно. Ако немате нешто позитивно да кажете, подобро молчете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП