20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИнтел и Микрон произведоа револуционерна технологија за мемории

Интел и Микрон произведоа револуционерна технологија за мемории

aad

Интел Корпорацијата и Микрон Технологија, денес ја претставија 3D Xpoint™ технологијата, меморија која има потенцијал да го револуционизира секој уред, апликација или услуга чиј бенефит е брз пристап до големи збирки на податоци. Отсега во производство, 3D Xpoint™технологијата е голем чекор напред во технологијата за процесирачки мемории и првата нова категорија кај мемориите од претставувањето на NAND флеш во 1989 година.

Експлозијата на поврзани уреди и дигитални услуги генерира големи количини нови податоци. За да се направат овие податоци корисни, мора да се чуваат и анализираат многу брзо, создавајќи предизвици кај оние што ги нудат овие услуги и кај склопувачите на машини кои мораат да ги балансираат трошоците, моќта и перформансите кога дизајнираат вакви решенија. 3D Xpoint™ технологијата ги комбинира перформансите, густината, силата, стабилноста и трошоците кои се предност кај денешните достапни мемории на пазарот. Оваа технологија е до 1000 пати побрза и има над 1000 пати поголема издржливост од NAND, дополнително таа е 10 пати погуста од конвенционалната меморија.

„Со децении, индустријата бараше начини за намалување на времето на застој помеѓу процесорот и податоците, за да се овозможи побрза анализа“, кажа Роб Крук, постар заменик претседател и генерален менаџер на Intel Non-Volatile Memory Solutions Group. „Оваа нова класа на мемории ја постигнува оваа цел и внесува големи промени во перформансите на мемории и уреди за складирање на податоци.“

“Една од најзначајните пречки кај модерните компјутери е времето потребно на процесорот за да стигне до податоците кои долгорочно се чуваат,“ вели Марк Адамс, претседател на Микрон.“Оваа нова класа на меморија е револуционерна технологија која овозможува брз пристап до огромни складишта на податоци и овозможува целосно нови апликации.“

aac

Со брзиот растеж на дигиталниот свет, од 4.4 зетабајти податоци креирани во 2013 до очекувани 44 зетабајти до 2020 – 3D Xpoint™ технологијата може да ја претвори оваа огромна количина на податоци во корисни информации за неколку наносекунди. На пример, трговците на мало можат да ја користат 3D Xpoint™ технологијата за побрзо да ги идентификуваат измамите кај финансиските трансакции; Здравствените истражувачи можат да обработат и анализираат поголеми сетови на податоци во реално време, со забрзано решавање на сложени задачи како што се генетската анализа и следење на болеста.

Придобивките кај перформанси на 3D Xpoint™ технологијата исто така, може да го подобри искуството со секој компјутер, дозволувајќи им на корисниците да уживаат во интерактивни социјали медиуми и соработки, како и извонредни искуства кај видео игрите. Природата на оваа технологија ја прави и одличен избор за различни апликации заради малиот застој, бидејќи податоците не се бришат кога уредот е исклучен.

 

Нов рецепт, архитектура за револуционерна мемориска технологија

По повеќе од една деценија истражување и развој, 3D Xpoint™ технологијата е изградена за да одговори на потребата за високи перформанси, висока издржливост, висок капацитет за складирање и прифатлива цена.

Новата класа на мемории значително го намалува доцнењето, овозможувајќи многу повеќе податоци да се чуваат блиску до процесорот и до нив да се доаѓа со брзини претходно невозможни.

Иновативната архитектура создава табла во три димензии кај која ќелиите се наоѓаат на пресекот помеѓу зборовите и битовите, што им овозможува да бидат пребарувани секоја одделно. Како резултат на ова, податоците можат да бидат напишани и прочитани брзо и ефикасно.

aad

 

Онлајн линкови:

 

Интел

 

Микрон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП