25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуристичките услуги во Грција ќе поскапат од октомври

Туристичките услуги во Грција ќе поскапат од октомври

hotelce 303

Туристичките услуги во Грција би можеле значително да поскапат од октомври кога ќе почне примената на зголемената стапка на додадена вредност.

Растот на ДДВ-то се однесува на рестораните, хотелите и превозот, пишува весникот Катимерини.

Грција од минатата седмица има четврта најголема стапка на ДДВ во Европската унија од 23 отсто на угостителските услуги подготвување и служење на храна, а од октомври ќе има шеста највисока стапка на ДДВ за услуги на туристичко сместување од 13 отсто.

Како резултат на растот на ДДВ-то, изгласен во овој месец во грчкиот парламент, бројни производи и услуги ќе станат поскапи.

ДДВ-то порасна од 13 на 23 отсто, а меѓу основните производи кои поскапеа се месото, маслото за готвење, оцетот, солта, цвеќето, огревното дрво, ѓубривото и санитетските производи.

Во услужниот сектор, со растот на ДДВ-то ќе бидат погодени рестораните и кафулињата, погребната опрема, такси службата, интернатите и приватните училишта, како и училиштата за јазик и компјутери.

Растот на цената на јавниот превоз се очекува наредниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП