29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИФабрика во Кина произвела фалсификат iPhone уреди вредни 19 милиони долари

Фабрика во Кина произвела фалсификат iPhone уреди вредни 19 милиони долари

kinezi ajfon

Полицијата во Пекинг разбила илегална фабрика која има изработено над 41 илјади фалсификувани „iPhone“ уреди, објави „Reuters“. Тие се во вкупна вредност од над 19 милиони долари.

Фалсификатите се продаваат главно во Кина, каде што „Apple“ ужива особено голема популарност. Дел од производството било наменето и за други земји, вклучувајќи и САД. Акцијата е дел од стратегија на кинеските власти да го отстранат впечаток дека земјата е извор на фалсификати.

Акцијата против фабриката била спроведена во мај годинава и е во соработка со американската полиција, која ги открила фалсификуваните уреди. Фабриката била во предградието на Пекинг и била прикриена како сервис за електроника. Таа била предводена од 43-годишен маж и неговата 40-годишна сопруга. Тие двајца се уапсени заедно со уште седум лица.

Фабриката била отворена во јануари годинава. Таа имала шест ленти за склопување и стотици работници. Нивната работа била да ги земаат компонентите од смартфоните од „втора рака“ и да ги составуваат во трупот на „iPhone“. За време на акцијата биле пронајдени и 1.400 готови уреди, плус голем број на додатоци.

Властите на двете држави одбиваат да откријат детали во врска со оваа тема. Од „Apple“ засега се уште немаат излезено со официјален коментар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП