20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВи недостасува мотивација на работа? Со овие 9 чекори ќе се вратите...

Ви недостасува мотивација на работа? Со овие 9 чекори ќе се вратите на победничката патека

office-kancelarij-640x330

Како претприемач или работник, тешко е да очекувате дека ќе бидете мотивирани како првиот ден на работа, но постојат методи кои вреди да ги примените за ентузијазмот и еланот за работните задачи и понатака да остане на соодветното ниво.

Пол Браун од Inc.com објави листа со мотивации кои му помогнале во кариерата, а ние за вас ги одбравме најважните девет:

1. Продолжете да создавате

Постојано на себе си говорете си дека најдобар начин за предвидување на иднината е нејзиното создавање. Значи, фрлете се на работа!

2. Добрите резултати се добри за сите

Ако продолжите да работите со добри резултати, тоа ќе се одрази и на вас и на клиентите и може да стане голема мотивациона сила.

3. Учете од сопствените грешки

Ако работата ви упадне во „црни денови“, одвојте време за жалење, а потоа издигнете се над се посилни од било кога и продолжете понатаму.

4. Вежбајте доволно

Понекогаш количината на работа може да ве исцрпи до таа мерка последиците да бидат многу лоши за вашето тело и психа. Затоа е потребна рекреација за да дојдете до вистинската форма.

5. Бидете одлучни

Многу луѓе како самопоттикнување го користат недостатокот на поддршка од другите луѓе кои им тврделе дека нема да успеат. Сега е приликата да им докажете.

6. Почувствувајте ја гордоста од оствареното

Иако многу претприемачи за тоа не говорат јавно, внатре во себе се многу горди на позитивните деловни резултати, и покрај честите проблеми кои ги следат.

7. Потсетете се на изминатите денови

Кога ќе се потсетите како сте се чувствувале некогаш одамна кога сте работеле за некој друг, всушност како изгледа кога не сте сами свој шеф, нека тоа биде мотив за идните денови.

8. Храбро соочете се со кризите

Ако ви изгледа дека „сите бродови ви потонале“ фатете се за она што е многу важно да се направи, а откако ќе го направите тоа, продолжете во иста насока.

9. Одморете се

Наспијте се. Кога сте упорни многу нешта изгледаат потешки од тоа што всушност се.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП