20 април, 2024
ПочетнаДИЕТИБрза диета: Рамен стомак за еден ден? Можно e!

Брза диета: Рамен стомак за еден ден? Можно e!

boximage (1)6

Намалете ја надуеноста со помош на специјална исхрана за само 24 часа…

Оваа диета не ветува губиток на голем број килограми, туку намалување на надуеноста кај оние лица кои имаат проблем со стомакот, а сепак имаат нормална тежина, односно помага во спласнувањето на стомакот кој изгледа како да е преполн со гасови.

Појадок:

– овесна каша и 1 шолјичка бобичесто овошје или
– 2 тврдо варени јајца и 1 шолјичка бобичесто овошје.

Ужинка

– мала шолјичка јаткасто овошје и 1 портокал или

– стапчиња од целер со 2 мали лажички путер од кикирики

Ручек

– 1 чинија мешана лисната зелена салата, 1 краставица, 2 домати, 2 помали изрендани моркови, 1 авокадо, и тврдо варено јајце, мала лажица најразлични семки, како семки од тиква и семки од сончоглед, масло и лимон.

Ужина

– 2 дцл јогурт со малку цимет или

– една шолја сецкана свежа краставица со кора и две лажици јогурт

Вечера

Печено филе лосос, бланширан спанаќ со малиново масло и лук, печен зеленчук

Диетата можете да ја повторите максимум 3 дена по ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП