24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто се случува кога CV-то ќе го исполниш со неуспеси

Што се случува кога CV-то ќе го исполниш со неуспеси

190799447455afbed2d702f633780323_w640

Повеќето луѓе ги исклучуваат своите неуспеси при пишувањето на CV, а се трудат на секој можен начин да го импресионираат работодавецот, но Џеф Скардино не е еден од нив.

Скардино, кој е креативен директор во една маркетинг компанија и универзитетски професор во Бруклин решил да направи експеримент така што ќе испрати „искрено“ CV кое веројатно никој никогаш не би го напишал.

Тој така ја испратил листата со своите неуспеси на адресите од 10 компании и добил осум одговори како и пет понуди за разговор.

Во своето CV напишал дека има лоши референци, дека нема некои посебни вештини, дека не може да се пофали со точност, како и дека не успеал да продаде неколку идеи… Навел дека изгубил неколку големи играчи додека работел во маркетинг индустријата, како и дека работел на неколку проекти кои пропаднале.

Еден од одговорите на потенцијалните работодавци бил: „Кога ја прочитав твојата апликација, помислив дека е шега, но откако ја погледнав и работната биографија навистина бев импресиониран од искреноста“.

Тој исто така го испратил и своето вистинско CV и добил еден одговор но ниту еден повик за состанок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП