20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСовети за барање на работа: Стартувајте

Совети за барање на работа: Стартувајте

soveti_za_rabota

Седејќи дома и чекајќи кризата да помине, воопшто не е опција, бидејќи тоа, никогаш нема да се случи.

Токму затоа многу битно е сите ваши доблести  да ги ставите во петта брзина и конечно да стартувате. Прочитајте неколку корисни совети за барање на работа:

Квалитетно CV

Овој совет можеби сте го слушнале веќе безброј пати, но навистина без добро CV  нема ништо. Под тоа се подразбира, дека треба да биде кратко, прегледно, точно, кое ке ги истакнува сите ваши предности и досегашни успеси. Во барањето работа скромноста не е никаква доблест.

Онлајн профил

Фејзбук, Твитер, било која друштвена мрежа ќе ви помогне во најбрзо време да се поврзете со безброј различни луѓе.

Без одложување

Кога ќе пронајдете некоја понуда за интересно работно место или пак ќе наидете на некој интересен оглас на интернет, немојте да одложувате, пријавете се. Исто така не е срамно да се биде упорен и да се бара работа.

Подготовка, внимание, отфрлање

Се има своја лоша страна, па така е и кога барате работа. Затоа припремете се да бидете и одбиени. Можеби најкорисниот совет кој можете да го добиете, е да не дозволите такво нешто лесно да ве обесхрабри и да ве натера да изгубите надеж, бидејќи секогаш постои нов ден и нова прилика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП