25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Грција ѝ е одобрен итниот заем, без ризици за нечленките на...

На Грција ѝ е одобрен итниот заем, без ризици за нечленките на еврозоната

eu-grcija-eu

Земјите членки на Европската унија го одобрија во петокот итниот заем за Грција од 7,16 милијарди евра, за преодниот период додека не бидат заокружени преговорите за третиот пакет меѓународна финансиска помош за земјата, а нечленките на еврозоната добија гаранции дека нема да имаат никакви последици доколку Атина нема да може да го отплатува овој кредит.

Советот на Европската унија го одобри во петокот краткорочниот заем од 7,16 милијарди евра од Европскиот механизам за финансиска стабилност (EFSM). Заемот доспева за наплата најдоцна за три месеца, а ќе биде исплатен во две рати. Со овие пари Грција ќе може да ја исплати неисплатената вкупна јунска рата кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од 1,6 милијарди евра, и уште 4,2 милијарди евра кон Европската централна банка (ЕЦБ), кои треба да бидат исплатени во понеделник 20-ти јули.

Имајќи предвид дека преговорите за третата програма финансиска помош од Европскиот механизам за стабилизација (ESM), кој ќе изнесува меѓу 82 и 86 милијарди евра, за чиј почетокот во петокот се создадоа сите услови, ќе траат неколку седмици, на Грција ѝ е неопходен итен заем за во меѓувреме да може да ги исполнува своите финансиски обврски.

Итниот заем ќе биде вратен со средствата коишто ќе ѝ бидат доделен на Атина во рамките на третиот пакет помош.

Бидејќи фондот EFSM за кој преку европскиот буџет гарантираат сите земји членки на Европската унија, членките на еврозоната им дадоа гаранција на оние кои немаат заедничка валута, дека секој ризик во случај Грција да не може до врати кредитот, ќе биде покриен со готовина од Европската централна банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП