29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуск: Европа поради Грција дојде на работ од бездната

Туск: Европа поради Грција дојде на работ од бездната

tusk-tusktusk

Европа дојде на работ од катастрофата кога преговорите меѓу Грците и нејзините доверители кон крајот на минатата седмица речиси пропаднаа, изјави во интервјуто објавено во петокот во атинскиот дневен весник Kathimerini, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

По 17 часови преговори двете страни во понеделникот утрото постигнаа договор со што беше спречен финансискиот колапс на Грција и нејзиното излегување од еврозоната. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вели дека германската канцеларка Ангела Меркел и грчкиот премиер Алексис Ципрас се препирале околу тоа колку пари од грчкиот приватизациски фонд треба да бидат издвоени за инвестиции.

„Во текот на преговорите, околу 7 часот наутро, кога Ципрас и Меркел побараа пауза, имав чувство дека сме многу блиску договорите да пропаднат“, вели Туск во интервјуто.

„Тогаш разликата меѓу нивните предлози изнесуваше 2,5 милијарди евра. Во тој момент им реков дека доколку преговорите беа завршени без резултат, би бил подготвен да објавам дека Европа дојде на работ од катастрофата за 2,5 милијарди евра“, вели Туск.

Челниците на 19-те земји од еврозоната во понеделникот го постигнаа договорот кој овозможува почеток на преговорите за третата програма надворешна финансиска помош за Грција, која за возврат треба да преземе дополнителни мерки за штедење, зголемување на некои даноци, реформа на пензискиот систем, приватизација…

„Најважно во преговорите беше како да ѝ се помогне на Грција. Меѓутоа, моравме да разговараме и за среднорочните и краткорочните последици од Грекзитот (излегувањето на Грција од еврозоната). Тоа беше неопходно решение за да се избегне хаотичното и непредвидливото влијание во политичката и геополитичката сфера, но тоа се само првите чекори“, истакнува Туск.

Челникот на Европскиот совет вели дека сè е подготвено за започнување на програмата на Европскиот механизам за стабилност (ESM) за Грција за сериозните реформи и финансиската поддршка, којашто според германската канцеларка ќе достигна до 86 милијарди евра. Но договорот мора да го ратификуваат неколку национални парламенти од еврозоната, меѓу кои и германскиот Бундестаг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП