19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврогрупата одобри почеток на преговорите за пакетот на Грција

Еврогрупата одобри почеток на преговорите за пакетот на Грција

mmf-grcija-grgr

Министрите за финансии на еврозоната одобрија во четвртокот отпочнување на формални преговори со презадолжената Грција за третиот пакет помош, откако парламентот во Атина изутрината го усвои пакетот реформски мерки.

„Еврогрупата го поздравува усвојувањето на мерките, донесени на самитот на еврозоната на 12. јули во грчкиот парламент“, се наведува во соопштението на министртите по телефонската конференција, пренесе агенцијата Франс прес.

Министрите за финансии на еврозоната рамковно се договорија на Грција да и доделат кредит за премостување во висина од седум милијарди евра, јави њујоршката агенција „Блумберг“, повикувајќи се на неименуван европски функционер.

Официјалното одобрување на кредитот ќе биде објавено во петокот, кога националните парламенти на државите членки на еврозоната треба да го завршат гласањето за финансиско спасување на Атина. Средствата за овој кредит треба да бидат обезбедени од европскиот спасувачки фонд, Европскиот механизам за финансиска стабилност (ЕФСМ).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП