25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: Грција ги исполни условите за почеток на преговорите, Финска го поддржа...

ЕК: Грција ги исполни условите за почеток на преговорите, Финска го поддржа пакетот

grcija-eu-eyyyyyyyyyy

Грција на задоволителен начин го исполнила првиот услов за почеток на преговорите за третата програма меѓународна финансиска помош откако во нејзиниот парламент ноќта на четврток ги изгласа низата реформски мерки, соопшти Европската комисија, а истовремено клучната комисија на Финска, која беше една од најголемите поборници за поставување на остри услови за Атина, го поддржа започнувањето на преговорите за новиот пакет.

Грчките доверители, Европската централна банка, Меѓународниот монетарен фонд и Европската комисија, оценија дека со изгласувањето на споменатите закони во грчкиот парламент „навреме и на задоволувачки начин“ се исполнети условите кои се поставени во договорот постигнат на самитот на еврозоната во понеделникот, соопшти портпаролката на ЕК, Андика Брејдхарт.

За напредокот во процесот на подготовките за почеток на преговорите за третата програма надворешна финансиска помош за Грција во четвртокот во телефонска конференција разговараа министрите за финанси на земјите од еврозоната Од кабинетот на претседателот на Еврогрупата, Јероен Дијлселблом, најавија дека за резултатите од телеконференцијата ќе ја известат јавноста подоцна во текот на денот.

Во меѓувреме, финскиот министер за финансии Александер Стуб изјави дека комисијата на тамошниот парламент го поддржала почетокот на преговорите со Грција. Големата комисија е овластена во името на 200-те пратеници во парламентот да даде ,мандат на владата за преговорите за помошта на Грција, а оваа одлука ја донесе по барање на владата.

Меѓутоа, поддршката на Финска, за која не треба да одлучува целиот парламент туку е доволна одлуката на Големата комисија, доаѓа со „остри услови“, порача Стуб. „Грција оди во вистинската насока, меѓутоа нејзините акции сé уште не се доволни и преговорите навистина ќе бидат тешки“, изјави, пак, финскиот премиер Јуха Сипила.

Финска ги поддржа преговорите и покрај тоа што се истакна како една од европските земји коишто најмногу се противат на давањето нов пакет помош за Грција, во износ до 86 милијарди евра.

Грчкиот парламент го усвои во четвртокот рано утрото пакетот реформи, како услов за продолжување на разговорите со еврозоната за финансиската помош од 86 милијарди евра, Новите мерки вклучуваат зголемување на одредени даноци и подигнување на старосната граница за заминување во пензија, приватизација….

По жестоката дебата во парламентот, која траеш повеќе од четири часа, 229 од 300-те грчки пратеници гласаа „за“, 64 беа „против“, додека шестмина беа воздржани. Против или воздржани беа 38 пратеници од владејачката коалиција на радикалната левица Сириза на премиерот Алексис Ципрас, кој пред гласањето без многу одушевување ги повика пратениците да гласаат за непопуларните реформи.

За време на парламентарната дебата, демонстрантите пред зградата со молотови коктели ја гаѓаа полицијата којашто возврати со солзавец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП