29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПрвиот конкавен OLED телевизор од Samsung

Првиот конкавен OLED телевизор од Samsung

led11

Компанијата „Samsung Electronics“ на саемот за електроника во Лас Вегас (CES), го претстави конкавниот „OLED“ телевизор, иновација која и дава длабочина на прикажаната содржина, со што се добива многу реална слика.

Корисниците ќе уживаат во конкавниот „OLED“ телевизор поради неговиот импресивен панорама ефект, кој моментално не е достапен кај конвенционалните телевизори со рамни панели, соопштија од компанијата.

Искористувајќи ја предноста од стекнатото искуство во дисплеј технологијата, „Samsung“ го оптимизираше квалитетот на сликата на „OLED“ телевизорот со цел да понуди удобно искусво во гледањето, бидејќи конкавниот панел овозможува растојанието помеѓу корисникот и ТВ екранот да биде ист од речиси секој агол.

„Ние ќе продолжиме со нашата традиција за развивање на „Samsung“ иновациите со постепено воведување на нова телевизиска технологија која го подобрува животот на корисникот“, изјави извршниот потпретседател на деловната единица за визуелен дисплеј во „Samsung Electronics“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП