24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК предлага краткорочното финансирање на Грција од EFSM

ЕК предлага краткорочното финансирање на Грција од EFSM

A European Union flag, left, hangs beside a Greek national flag beneath the Parthenon temple on Acropolis hill in Athens, Greece, on Tuesday, May 1, 2012. It is "entirely possible" IMF, EU will refuse to make next payment to Greece if new govt doesn't fulfill its commitments, UBS's Stephane Deo says in note to clients before May 6 elections. Photographer: Simon Dawson/Bloomberg

Европската комисија предложи краткорочното финансирање на Грција во висина од 7 милијарди евра да се обезбеди од Европскиот механизам за финансиска стабилност (EFSM), за кој инаку гарант е европскиот буџет, и покрај спротиставувањето на некои земји кои не се членки на еврозоната.

Заемот од седум милијарди евра би бил даден на рок од три месеца и Грција би требало да го врати кога ќе го договори пакетот за третата програма за финансиската меѓународната финансиска помош од Европскиот механизам за стабилизација (ESM).

Според агенцијата Reuters, којашто имала увид во документот, Европската комисија го предлага привремениот кредит од 7 милијарди евра, доколку грчкиот парламент го прифати договорот со доверителите.

Грчкиот парламент ќе го разгледува предлог-законот „Итни мерки за спроведување на преговорите и склучување договор со Европскиот механизам за поддршка (ESM)“. Неговото усвојување е услов за продолжување на осигурувањето на ликвидноста на грчките банки и почетокот на новата трета програма за спас на грчката економија. Предлог-законот беше поднесен пред пратениците во согласност со одлуките на самитот на еврозоната од 12-ти јули.

Потпретседателот на Европската комисија за евро и социјален дијалог на Валдис Домбровскис изјави во средата на прес-конференција дека нема многу опции на располагање за да се обезбедат итните финансиски потреби на Грција додека не биде договорена третата програма од финансиска помош од ESM фондот кој е воспоставен со помош на земјите од еврозоната кои се наоѓаат во финансиски тешкотии.

„Преостанаа само две опции, билатерални заеми или EFSM. Кога станува збор за заемите, тоа нема многу големи шанси да успее и затоа всушност остана само една опција – EFSM“, рече Домбровскис.

Механизмот EFSM е воспоставен 2010 година за финансиска поддршка на земјите членки Европска унија. Овој механизам предвидува дека Европската комисија може на финансиските пазари да може да позајми до 60 милијарди евра во име Европската унија, со имплицитно гарантирање од европскиот буџет, Имајќи предвид дека ЕУ има највисок кредитен рејтинг ААА, ЕК може поевтино да се задолжи од некои земји кои имаат финансиски тешкотии. Комисијата во тој случај зајмените пари ги проследува до земјата членка која барала помош. Трошоците за да сервисира на долгот паѓаат на земјата корисничка, додека за буџетот на ЕУ нема трошоци.

Овој механизам беше користен за поддршка на Ирска и на Португалија, но е договорено дека повеќе нема да се употребува откако е воспоставен прво привремениот фонд за еврозоната EFSM, а потоа и постојаниот ESM.

Велика Британија, Хрватска и Чешка во вторникот на министрите финансии јасно го изразија ставот дека не ја поддржуваат идејата фондот EFSM да се користи за привремено финансирање на Грција, а резерви изразија Шведска и Данска.

„Постои загриженост кај некои земји нечленки на еврозоната. Оттаму, работиме за да пронајдеме начин да ги заштитиме тие земји од негативните финансиски последици, доколку долгот не би бил враќан“, рече Димбовскис.

За носење на одлуката за користење на EFSM не е потребен консензус, туку се одлучува со квалификувано мнозинство.

Челниците на еврозоната по маратонските 17 часови преговори во понеделникот утрото го донесоа договорот за условите за почетокот на преговорите за новата помош на Грција во следните три години во текот на кои Атина би добила меѓу 82 и 86 милијарди евра. Меѓутоа, тоа не ги решава итните проблеми на Грција, коа веќе следните неколку дена треба да обезбеди 7 милијарди евра.

На 20-ти јули треба на Европската централна банка (ЕЦБ) треба да и ја исплати ратата од претходната програма за помош од 3,6 милијарди евра. До 5-ти август на Грција ќе ѝ бидат неопходни дополнителни 5 милијарди евра, што во сегашниот предлог на ЕК не е земено предвид, очигледно очекувајќи дека релативно брзо може да биде договорена програмата во рамките на ЕSM. Предлогот на ЕК е упатен до Советот на Европската унија, којашто во писмена процедура треба да донесе одлука во следните два три дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП