20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДијселблом: Се губи разбирањето за Грција

Дијселблом: Се губи разбирањето за Грција

dajselblum-blummmm

Претседателот на Еврогрупата, холандскиот министер за финансии Јероен Дијселблом, предупреди во вторникот дека во Европа почнува да се губи разбирањето за Грција и порача дека референдуми во другите 18 членки на еврозоната би покажале неволност на Атина да ѝ се дадат уште пари.

Во интервјуто за холандската јавна телевизија, од кое инсерти беа емитувани порано, челникот на Еврогрупата вели дека сака Грција да ја добие неопходната помош, но дека нејзината влада тоа го отежнува.

„Мора да сфатите дека кога би одржале референдуми во другите 18 земји за тоа дали треба на Грција да ѝ дадеме уште пари, резултатот би бил уште поизненадувачки и понегативен од оние 61 отсто кои гласа во Грција“ против понудата на доверителите, рече Дијселблом.

Владите на земјите од еврозоната по низата долги и напнати состаноци во Брисел изминатиот викенд се согласија на Грција да ѝ овозможат трет пакет финансиска помош во вредност од 86 милијарди евра во следните три години за да се избегне нејзиното банкротирање и излегување од еврозоната, една седмица откако поповолна понуда за земјата Грците го одбија на референдум поддржувајќи ја левичарската влада на премиерот Алексис Ципрас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП