25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: На Грција ѝ треба поголемо отпишување на долгот

ММФ: На Грција ѝ треба поголемо отпишување на долгот

mmf38

На Грција, поради разорените економија и банки во изминатите две седмици, ѝ е потребно многу поголемо отпишување на долгот од она кое се подготвени да го разгледуваат нејзините партнери во еврозоната, покажува доверливото истражување на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Агенцијата Reuters на увид ја добила ажурираната студија за одржливоста на грчкиот долг која била испратена до владите на сите земји членки на еврозоната во понеделникот навечер, неколку часа откако Атина и нејзините 18 партнери од економската унија начелно се договорија за третата програма за странска финансиска помош со заемот во вредност од 86 милијарди евра За возврат, грчката влада треба да ги зголеми одредени даноци, да спроведе реформа на пензискиот систем и во приватизацијата, структурни реформи чија цел е намалување на јавната потрошувачка.

„Драматичното влошување на одржливоста на долгот укажува на потребата од значително поголемо отпишување од она коешто досега се разгледуваше, и коешто го предлагаше Европскиот механизам за стабилност (ESM)“, заклучиле во ММФ, цитира агенцијата.

Европските земји би морале на Грција да ѝ одобрат 30-годишен почек за сервисирање на сите европски договори, вклучително и на новите кредити, и многу драматично да ги продолжат роковите на доспевањата на ратите, сугерираат натаму од ММФ во споменатиот документ. Алтернативните опции, според документот, вклучуваат експлицитни годишни финансиски трансфери во грчкиот буџет, односно моментални значителни отпишувања на кредитите одобрени на Атина.

Одвоено неименуван функционер од Европскиот механизам за стабилност (ESM) во вторникот изјавил дека придонесот на овој фонд со тригодишната програма за финансирање за Грција ќе изнесува меѓу 40 и 50 милијарди евра.

Во финансирањето на оваа програма, според Reuters, би требало да учествува и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), на кој му преостануваат 16 милијарди евра од програмата на истечената програма во март годинава, а и Грција на крајот од тригодишниот период би требала да може сама да набавува пари на финансиските пазари.

Во анализата на грчкиот долг што Reuters ја направи кон крајот на јуни се покажа дека тој изнесува 242,8 милијарди евра, и ги обединува двата пакета од финансиската помош за Грција, коишто ги одобрија земјите членки на еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд од 2010 година, како и грчките државни обврзници кои ги држат Европската централна банка (ЕЦБ) и централните банки на државите од еврозоната. Приватните инвеститори држат 38,7 милијарди евра во грчки државни обврзници, по големото отпишување и замена на долгот од 2012 година, со што е намален нивниот удел во грчкиот долг за 107 милијарди евра, а вредноста на долгот во рацете на приватните вложувачи за проценетите 75 отсто.

Меѓу најголемите економии во еврозоната, далеку најголем кредитор на Грција е Германија со 42,98 милијарди евра, Италија со 37,76 милијарди и Шпанија со сума од 25,1 милијарди евра. Тоа е прилог на придонесите за заемите од ММФ, сразмерни со квотите коишто тие земји ги имаат во овој глобален кредитор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП