20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас мора да го наговори парламентот на реформи

Ципрас мора да го наговори парламентот на реформи

cipraki 333

Грчкиот премиер Алексис Ципрас има помалку од 48 часа да ги наговори пратениците во парламентот да ги изгласаат низата реформи за кои Брисел вели дека се пазарно ориентирани, и да го ублажи несогласувањето на жестоките противници од неговата партија, за да успеа да ги оствари условите за добивање на третиот пакет меѓународна финансиска помош.

Со новиот договор со меѓународните кредитори, премиерот Алексис Ципрас, успеа да го одложи финансискиот колапс на Грција, а сега треба да се соочи со гневот на пратениците и јавноста, бидејќи се согласи на мерки кои се значително потешки од оние за кои инсистираше да бидат отфрлени на референдумот 5-ти април.

Владејачката коалиција на радикалната левица Сириза и нејзиниот помал коалициски партнер, националистичката Независни Грци, одржаа одвоени состаноци за да ги подготват парламентарните групи за носење на неопходните закони, меѓу кои се зголемувањето на даноците, реформата на пензискиот систем, приватизација и построгата контрола над јавните расходи.

Прифаќањето на ваквите мерки преставува голем пресврт за левичарската Сириза, која на предвремените парламентарни избори на 25-ти јануари годинава ја презема власта токму на основа на ветувањата дека ќе ги откаже жестоките мерки за штедење и да направи поповолен договор со доверителите.

Оттаму, во некои европски медиуми, се шпекулира дека Ципрас би можел набрзо да поднесе оставка на премиерската должност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП