23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ подготвен за соработка со Грција

ММФ подготвен за соработка со Грција

mmf-grcija-grgr

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека е подготвен за соработка со Грција и партнерите од Европската унија(ЕУ), за да се договори третиот спасувачки пакет за Атина.

„ММФ е подготвен да соработува со грчките власти и европските партнери, за да помогне во придвижувањето напред на тоа важно прашање“, рече портпаролот на ММФ Гери Рајс, откако порано во понеделник беше објавено дека лидерите на еврозоната постигнале согласност околу условите за започнување на преговорите.

Договорот меѓу европските лидери во Брисел предвидува ММФ да ја поткрепи и набљудува грчката економија, дури и постоечката програма за заем на фондот да е прекината, бидејќи Атина не можеше да ја плати ратата од 1,5 милијарди евра на ММФ кон крајот на минатиот месец.

Грција треба да му префрли на ММФ нови 500 милиони евра до крајот на денот, плаќање кое тешко дека ќе се оствари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП