28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУделот на Шпанија во вкупниот износ на помошта за Грција ќе биде...

Уделот на Шпанија во вкупниот износ на помошта за Грција ќе биде до 12 отсто

lk45

Уделот на Шпанија во вкупниот износ од третиот пакет меѓународна финансиска помош за Грција, доколку планот за спас на грчката економија биде на крајот одобрен, ќе изнесува 11 до 12 отсто, изјави вo понеделникот шпанскиот премиер Маријано Рахој, откако по 17-часовните дискусии во понеделникот утрото челниците на земјите од еврозоната објавија дека едногласно донеле решениe за грчката должничка криза, што на оваа земја ќе ѝ овозможи да остане во европската монетарна унија.

Шпанскиот конзервативен премиер во понеделникот договорот што го постигнаа челниците од еврозоната го нарече „разумен“ и „избалансиран“. Во рамките на програмата Европски механизам за стабилизација (ESM) „соодветниот удел на Шпанија ќе изнесува 11/12“ соопшти Маријано Рахој на прес-конференција. Оваа програма, како што беше претходно во понеделникот соопштено, предвидува доделување на 86 милијарди евра на Грција во следните три години.

Рахој, исто така, потсети дека конкретниот план за помошта нема да стапи на сила, доколку грчкиот парламент не ги усвои четирите закони коишто ги бараат доверителите.

„Мораме да го постигнеме максимумот, а максимумот се состои во тоа што се дојде до договор“, рече Рахој повторни нарекувајќи го „клучно прашање“ исполнувањето на обврската од страна на сите субјекти. „Тоа ќе доведе до економски раст и создавање на нови работни места“, во Грција, смета шпанскиот премиер,

Останувањето на Грција во еврозоната е „добра вест“, истакна Рахој додавајќи дека „мнозинството сака да биде во еврозоната и никој не сака да излезе од неа“.

Според него, европските земји „ја демонстрираа својата солидарноста со Грција, давајќи ѝ помош во износ од 90 отсто од нејзиниот бруто домашен производ (БДП)“. Рахој, сепак, повика на „доверба“ во Европа, критикувајќи ја Грција за спроведување на референдумот од 5-ти јули, кога Грците го послушаа премиерот Алексис Ципрас и со 61 отсто го отфрлија предлогот на доверителите за начините на продолжување на помошта, што според шпанскиот премиер „доведе до ситуација да се јавни недоверба“.

Шпанија, инаку, е меѓу најголемите економии во еврозоната кои се кредитори на Грција. Далеку најголем доверител е Германија со 42,98 милијарди евра, Италија со 37,76 милијарди и Шпанија со сума од 25,1 милијарди евра. Тоа е прилог на придонесите за заемите од ММФ, сразмерни со квотите коишто тие земји ги имаат во овој глобален кредитор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП