19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКамерон: Договорот со Грција дава стабилност и шанса да се избегне кризата

Камерон: Договорот со Грција дава стабилност и шанса да се избегне кризата

kameron 300

Договорот за новиот пакет финансиска помош за Грција осигурува стабилност и можност да се избегне кризата во еврозоната, изјави денеска британскиот премиер Дејвид Камерон.

Самитот на челниците на земјите од еврозоната заврши во понеделникот во мугрите по 17-часовни преговори, и ја отстрани главната непозната во последните седмици, задржувајќи ја во својот состав Грција. Но за Атина и Брисел сé уште претстои решавањето на голем број комплексни прашања за постигнување на конечниот договор, како и носење тешки политички одлуки, пред проблемот конечно да бие надминат, коментираат во понеделникот медиумите на островот.

„Овој договор овозможува повеќе стабилности и повеќе можности. Меѓутоа, јасно е дека уште претстои долг пат пред да се донесат сите договори за кои е постигната согласност“, изјави за медиумите британскиот премиер Дејвид Камерон.

Претходно неговата портпаролка изјави дека Велика Британија го поздравува договорот постигнат на самитот на еврозоната, но потсети дека сега предизвикот е она што е усогласено и да се оствари.

„Не мислам дека треба да ги потценуваме димензиите на проблемите“, изјави таа за медиумите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП