29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАOланд ја поздрави ‘историската’ одлука на ЕУ и ‘смелиот’ избор на Ципрас

Oланд ја поздрави ‘историската’ одлука на ЕУ и ‘смелиот’ избор на Ципрас

fransoa oland 3000

Францускиот претседател Франсоа Оланд го поздрави договорот во склучен денеска во мугрите во Брисел, нарекувајќи го „историска одлука која на Грција ѝ овозможува да остане во евозоната“, истовремено истакнувајќи го „смелиот избор“ на грчкиот премиер Алексис Ципрас, додека германската канцеларка Ангела Меркел, се задржа на тоа дека постигнатиот договор за Грција значи почеток на преговорите за новиот пакет финансиска помош за оваа земја.

„Доколку денеска не беше постигнат овој договор, би била доведена во прашање веродостојноста на Европа“, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд по вонредниот самит на челниците на земјите од еврозоната кој траеше цели 17 часови. Притоа истакна дека во договорениот документ се споменува реструктуирањето и олеснувањето на сервисирањето на грчкиот долг низ подолги рокови за исплата и пониски камати.

„Договорот е постигнат, договор кој Франција го посакуваше цело време, договор кој на Грција ѝ овозможува останување во Европа. Грчкиот премиер направи смел избор во моментот кога од него беа барани реформи, но истовремено беше свесен за фактот дека тоа е услов за продолжување на финансирањето“, изјави Оланд според кој Грците со заемот од 80 милијарди евра ќе успеат да ги финансираат проектите и ќе ги почитуваат преговорите.

„Целта на преговорите беше да се сочува еврозоната во целост, да се одржи солидарноста и да им се даде надеж на Грците по повеќегодишните патења и мерки за штедење, иако тие не завршија и Грција мора да продолжи да се труди кога станува збор за нив“, предупреди францускиот претседател.

Улогата на Франција во преговорите бешее да настојува да ги приближи меѓусебните ставови, истовремено почитувајќи го грчкиот народ, но и другите земји во еврозоната“, рече Оланд за кого AFP пишува дека во текот на кризниот период работел на компромисно решение, настојувајќи да ги ублажи острите ставови на Берлин.

Кусо по Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел во настапот пред новинарите во Брисел, истакна дека е постигнат договор со Грција и оти се договорени условите за почетокот на преговорите за третиот пакет надворешна финансиска помош за презадолжената земја.

„Имаме отворен пат за нова помош“, истакна канцеларката. Меркел потцрта дека сега постојат сите услови за отпочнување на програмата за помош на Грција во рамките на Европскиот механизам за стабилизација (ESM). Обемот на предложената помош, според неа, на крајот може да достигне 82 до 86 милијарди евра во текот на три години, пренесе Reuters.

Шефицата на германска владата појасни во тој контекст дека „Еврогрупата е подготвена да се договори за дополнителни мерки, доколку е неопходно“, но истакна и дека отпишувањето на долгот за земјата која е во длабока должничка криза не е на дневен ред,

„Во суштина, предностите ги надминуваат недостатоците (во договорот за Грција з.м.). Сметам дека Грција добива можност да се врати на патот на растот. Тргнувам од тоа, од она што е понудено“, истакна Меркел, Посочи и дека е неопходно подобро да се искористат постојните можноста за приватизацијата во Грција.

Грчката влада претходно на доверителите им понуди план за радикални реформи насочени кој подобрување на јавните финансии, во замена за отстапки од нивна страна и финансирање во износ од дополнителни 53,5 милијарди евра до средината на 2018 година. Еден од многубројните предлози понудени до Еврогрупата е укинувањето на повластената даночна стапка на данокот за додадена вредност (ДДВ) за бродосопствениците. Новиот предлог, исто така, го вклучуваше и ветувањето на владата во Атина да ги одреди роковите до кои ќе се спроведе тендерска постапка за приватизацијата на двете главни грчки пристаништа Пиреа и Солун, најдоцна до октомври годинава. Покрај тоа, се нуди и забрзување на подготовките за приватизација на регионалните аеродроми, железничката компанија „TrainOSE“, како и територијата на поранешниот атински аеродром „Елиникон“.

Грција се согласи со формирањето фонд во вредност од 50 милијарди евра со кој ќе се гарантира третата програма за помош, рече претседателот на Еврогрупата, холандскиот министер за финансии, Јероен Дијслеблом.

„Посакуваниот размер на фондот, во кој ќе се акумулираат активите на Грција, ќе изнесува 50 милијарди евра, и неговото седиште ќе биде во Грција“, рече Дијселблум, што е во спротивност со претходните најави на европските дипломати дека овој фонд ќе биде стациониран во Луксембург.

„Ќе виде формиран фондот во кој ќе се префрлаат средствата коишто потоа ќе бидат монетизирани преку нивна приватизација или комерцијална употреба. Фондот ќе биде во насока на решавање на должничкиот проблем, или за намалување на долгот, и исто така може да се искористи за докапитализација на банките“, прецизираше Дијселблом.

„Проблемот со докапитализацијата на банките, е еден од клучните предизвици со кои се соочуваме по завршувањето на обликувањето на програмата за помош. За тоа се потребни околу 25 милијарди евра, што е 50 отсто од вкупната вредност на фондот“, додаде челникот на Еврогрупата.

Европската комисија, пак, ќе обезбеди инвестиции во грчката економија од 35 милијарди евра, изјави по самитот на еврозоната, претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер. „Еврокомисијата е убедена дека ќе биде во можност да го реализира проектот за обезбедување инвестиции во реалната економија на Грција до 35 милијарди евра“, порача Јујкер.

„Челниците постигнаа едногласен договор, така што преговорите за третата програма за помош може да започнат, со строги услови“, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на прес-конференцијата по завршувањето на самитот. Додаде дека министрите за финансии од еврозоната, кои во понеделникот попладне ќе се сретнат на редовен состанок, ќе разговараат за итното финансирање на Грција, за да се премости периодот додека не биде договорена новата програма за помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП