29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија има намера да ѝ помогне на Грција со испорака на енергенси

Русија има намера да ѝ помогне на Грција со испорака на енергенси

cipras-putin-putinnnnn

Русија разгледува можност за директна испорака на енергенси на Грција за да ја поддржи нејзината економија, изјавил рускиот министерот за енергетика Александр Новак.

Русија „има намера да ја поддржи обновата на грчката економија со ширење на соработката во енергетскиот сектор“, изјавил рускиот министер за енергетика Александр Новак, објави новинската агенција Спутник. „Ја проучуваме можноста за организирање директна испорака на енергенси за Грција во блиска иднина, рекол министерот.

Минатата седмица портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ќе ја разгледа можноста за финансиска помош за Грција, доколку Атина тоа го побара.

Русија и Грција последните месеци откако на власт дојде коалицијата на радикалната левица Сириза, значително ги продлабочија политичките и економски контакти, по инсистирање на Атина. Некои од земјите во Европската унија, во тоа приближување гледаат опасност, особено поради тензиите меѓу Москва и Западот поради украинската криза.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас мината седмица телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин за резултатите од грчкиот референдум на кој со големо мнозинство беа отфрлени предлозите на грчките доверители за продолжување на финансиската помош на земјата. На економскиот форум во јуни во Санкт Петербург, Ципрас имаше веќе втора средба со Путин и повика на укинување на санкциите на ЕУ против Русија. Двете земји потпишаа и договор за соработка за изградба на гасоводот „Турски тек“, со кој би се испорачувал рускиот природен гас во југоисточна и централна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП