29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција: Нова демократија го поддржува Ципрас, Путин ја прашува ЕК каде била...

Грција: Нова демократија го поддржува Ципрас, Путин ја прашува ЕК каде била досега

grcka12

Главната грчка опозициска партија на десниот центар Нова Демократија во петокот објави дека ја поддржува левичарската влада на премиерот Алексис Ципрас за да се гарантира договорот со реформите во замена за пари со меѓународните доверители кој ќе ја задржи Грција во еврозоната, а рускиот претседател Владимир Путин во врска со грчката должничка криза која се закани со стабилноста на еврозоната и на самата Европска унија, ја критикуваше Европската комисија дека предолго чекала со реакциите.

Грчките пратеници во петокот треба да гласаат за предлозите на владата пред меѓународните доверители за мерките како што се зголемување на некои даноци, спроведување на приватизацијата и намалување на јавната потрошувачка во разни сектори, како обраната на пример.

Претходно во петокот на состанокот со пратеничката група премиерот Алексис Ципрас дочекан со силен аплауз од пратениците на неговата коалиција на радикалната левица Сириза, ги повика да ги поддржат новите предлози на неговата влада и да го помогнат грчкото останување во еврозоната, во обидот земјата да ја спаси од финансиски крах.

„Нова демократија на премиерот Ципрас не само што му дава одобрување да постигне договор, туку и овластување да го избегне излегувањето на земјата од Европа“, се наведува во соопштението на најголемата опозицска партија, којашто пред референдумот од 5-ти јули водеше кампања за прифаќање на предлогот на кредиторите. Меѓутоа, надмоќно победи опцијата за „не“ што ја застапуваше Ципрас, па поранешниот премиер Антонис Самарас беше принуден да поднесе оставка на челната позиција во Нова демократија.

Рускиот претседател Владимир Путин, пак, смета дека Европската комисија морала порано да реагира на ситуацијата во грчката економија, доколку биле акумулирања толку побарувања кон Атина.

„Се разбира, на Грците можно е да им се прикачи, но доколку имало неправилности во нивните активности, каде била Европската комисија? Зошто таа не преземала корекции во економските активности на поранешните влади на Грција, зошто доделувале толкави бонуси и кредити, зошто дозволувале толку ниски стапки на оданочувања во некои економски сектори, толкави субвенции за островите, каде беа досега?“, постави реторичко прашање рускиот претседател на прес-конференцијата во Уфа.

Покрај тоа, според шефот на руската држава, „кога има една голема моќна валута којашто ја користат низа земји со различни нивоа на економски развој, тие земји се лишени од можноста да ги прилагодат стоите финансии и економски состојби преку валутните механизми, и притоа е невозможно да се девалвира еврото“.

Путин, исто така, смета дека Грција во сложените услови со ЕУ, ја губи можноста да привлекува поголем број туристи, што е еден од нејзините главни економски сектори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП