18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас: Европа не знае да ја реши сопствената должничка криза

Ципрас: Европа не знае да ја реши сопствената должничка криза

cipi3

Грчкиот премиер Алексис Ципрас е уверен оти во наредните два до три дена ќе се испочитуваат обврските кои се во најдобар интерес на Грција и еврозоната, до кога истекува и рокот кои го поставија лидерите на еврозоната, пренесуваат светските агенции.

Говорејќи денеска пред Европскиот парламент во Стразбур, ден откако лидерите на еврозоната и поставија на Грција ултиматум за до крајот на неделата да достави нов пакет на реформи за можното продолжување на преговорите за финансиската помош на земјата, Ципрас порачал дека од страна на грчкиот народ добил мандат за да ги зголеми напорите за пронаоѓање на економско и социјално одржливо решение за проблемите на земјата.

„Повеќето Грци едноставно немаат избор освен да бараат да им се даде решение, излез од проблемите. Бараме договор со нашите европски соседи, но не било каков туку договор кој ќе биде знак дека Грција излегува од кризата и дека на крајот од тунелот во кој се наоѓаме ќе се појави светлина“, рекол Ципрас, додавајќи дека тоа мора да биде договор кој ќе содржи многу поприфатливи реформи од оние кои кредиторите во моментов ги нудат.

„Мојата влада и јас на власт дојдовме пред пет месеци и целосно ја преземам одговорноста за тоа што се случи во тој период. Но да бидеме искрени, проблемите на грчката економија не датираат од последните пет месеци, туку во последните пет ипол години“, објаснил Ципрас и додал дека предложените реформите се неподносливи за обичните граѓани.

„Сакаме договор кој ќе подразбира кредибилни реформи, со најмалку што е можно рецесивни мерки и со агенда на раст. Нашиот предлог предвидува реструктурирање на долгот, нешто што не смееме да го сметаме за табу тема“, рекол грчкиот премиер.

Според него, отпишувањето на долгот не преставува одземање на парите на европските кредитори.

„Парите од кредитите воопшто не стигнаа до грчкиот народ. Тие пари и беа дадени на Грција за да се спасат странските банки во нашата земји. За евроските проблеми е потребно европско решение“, рекол Ципрас пред европските пратеници.

На оваа изјава на Ципрас, жестоко изреагирал пратеникот од редовите на Европската народна партија, (ЕПП), Манфред Вебер, кој упатил критики до Ципрас.

„Господине Ципрас, ви аплаудираат европските екстремисти. Опкружени сте со погрешните пријатели. Не ги лажете луѓето. Отписот на долговите нема да им штети на банките, туку на медицинските сестри во Словачка и на административните работници во Финска“, рекол Вебер, алудирајќи ја заемите кои овие две земји и ги дале на Грција, а од чие враќање, барем засега нема ништо.

Претходно и европските лидери, претседателите на Европската комисија и Европскиот совет, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск порачаа дека не треба да се разгледува сценариото за излегувањето на Грција од еврозоната, но и дека решението мора да се најде во следните неколку денови. Самитот пак на кои лидерите на сите 28 земји членки на ЕУ ќе расправаат за состојбата во Грција, ќе се одржи во недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП