23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИST Ericsson отпушта 1.600 работници

ST Ericsson отпушта 1.600 работници

stericsson

Заедничката компанија на шведскиот „Ericsson“ и француско-италијанската компанија „ST Micro“, соопшти дека во целиот свет ќе отпушти 1.600 работници по одлуката за прекин на деловните односи.

Во соопштението се наведува дека реструктуирањето на бизнисот на заедничката компанија „ST Ericsson“ може да влијае на 1.600 работници, од кои 500 до 700 се Европејци. Од тој број, од 400 до 600 се во Шведска, а од 50 до 80 во Германија.

Во текoт на 2012 година „ST Ericsson“ имаше околу 5.000 вработени, претежно од Шведскa, Германија, Индија и Кина. Меѓутоа, по разделувањето на двете компании, „Ericsson“ ќе поседува 1.800 работници, а „ST Micro“ 950 работници, главно во Франција и Италија.

Поради големата конкуренција во производството на чипови во Азија „ST Ericsson“ во четвртиот квартал од минатата година оствари нето загуба од 133 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП