29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас: Грција стана експеримент за политиките на штедење

Ципрас: Грција стана експеримент за политиките на штедење

cipras-lep-cipras

Грција последните години стана експериментална лабораторија за спроведувањето на жестоките мерки на штедење, но опитот не успеа, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас на заседанието на Европскиот парламент.

Пред европските пратеници, грчкиот премиер Алексис Ципрас зборуваше за ситуацијата во економијата на неговата земја, и за референдумот од 5-ти јули на кој 61 отсто од Грците ги отфрлија предлозите на меѓународните доверители за продолжување на финансиската помош условено со дополнителни мерки за штедење.

Ципрас истакна дека референдумот „дал мандат да се најде решение, без да се повторуваат грешките од минатото, да не се спроведува политиката на драстичните мерки на штедење, која доведе до кризата“.

„Референдумот се одржа во услови кога банките беа затворени, кога повеќето медиуми го тероризираа народот… Тоа беше референдум на враќањето на солидарноста и еднаквоста во Европа“, рече Ципрас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП