19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на Волстрит, цената на нафтата стабилна

Раст на Волстрит, цената на нафтата стабилна

rast-volstrit

Цените на акциите на Волстрит пораснаа во вторник, по остриот пад во претходниот ден, поради ублажените стравувања во врска со грчката должничка драма.

Dow Jones зајакна 93 поени, или 0,53 отсто, на 17.776 поени, додека S&P 500 порасна за 0,61 поен, на 2,081 поен, а Nasdaq индекс 0,11 отсто, на 4.997 поени.

Нагорниот тренд најмногу се должи на закрепнувањето на енергетскиот сектор, откако во претходниот ден цените на акциите остро паднаа, бидејќи цената на нафтата потона за осум отсто. Но, вчера нафтениот пазар се смири.

„Заврши падот на нафтениот пазар. Енергетските акции пораснаа и тоа придонесе за успон на индексите“, вели Стивен Масока, директор во фондот за Wedbush Equity Management.

Позитивно на берзите влијаеше и тоа што кредиторите и дадоа на Грција уште една можност да остане во еврозоната, иако грчките граѓани на референдум во неделата порачаа дека повеќе не сакаат политика на штедење.

Меѓутоа, на вчерашната итна седница на министрите за финансии Грција не изнесе нови предлози за решавање на нејзините должнички проблеми, и покрај повиците тоа да го стори. Оттука лидерите на еврозоната на состанокот по седницата на министрите само начелно расправаа за проблемот.

ЕУ има детално разработено сценарио за излегување на Грција од еврозоната, која мора до четвртокот да предаде барање за нова финансиска помош или во спротивно нема да може да избегне црно сценарио, предупредуја во вторникот лидерите на еврозоната.

Инвеститорите во последните денови ја загрижува и берзата во Шангај, на која во последните три недели цените на акциите потонаа околу 30 отсто и покрај низата мерки на кинеските власти за стабилизација на берзата.

На европските берзи цените на акциите вчера остро паднаа. Лондонски FTSE беше во минус 1,58 отсто, на 6.432 поени, додека франкфуртски DAX ослабна 1,96 отсто, на 10.676 поен, а париски CAC падна 2,27 отсто, на 4.604 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП