20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДомбровскис не исклучува Грекзит, Московиси смета дека тоа ќе е страшна грешка

Домбровскис не исклучува Грекзит, Московиси смета дека тоа ќе е страшна грешка

grcija faca

Потпретседателот на Европската комисија задолжен за еврото и социјалниот дијалог Валдис Домбровскис не исклучува можноста за излегување на Грција од еврозоната, додека комесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московиси вели дека тоа би било страшна грешка.

„Тоа (излегувањето на Грција од еврозоната) не е наша цел и наша намера, но доколку повторно не се воспостави доверба и доколку нема веродостоен реоформски пакет, излегувањето на Грција не може да биде исклучено“, изјави Домбровскис пред почетокот на состанокот на министрите за финансии на еврозоната, посветен на Грција. За Грција вечерва ќе разговараат и премиерот на државите од еврозоната на вонредниот самит.

Сосема спротивно зборува другиот член на Европската комисија, комесарот Пјер Московиси. „Грекзитот би бил страшна грешка, колективен пораз“, изјави Московиси.

Двајцата еврокомесари истакнуваат дека сега Атина треба да понуди конкретни предлози како натаму, откако на референдумот во неделата Грците го одбија предлогот на доверителите кој беше прифатлив за другите 18 земји од еврозоната.

„Јасно е дека Грција е соочена со големи и итни предизвици. На почетокот од годинава се надзираше заздравување на економијата, а сега тоа е поништено. Потребна е јасна стратегија за тоа како Грција може да излезе од кризата“, вели Домборвскис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП