29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтагнација на германското индустриско производство

Стагнација на германското индустриско производство

proizvodstvo industrisko34

Германското индустриско производство во мај стагнираше на месечно ниво, притиснато од падот на производството во енергетскиот и градежниот сектор, објави во вторникот министерството за економија.

Во министерството пресметале дека производството во германските фабрики во мај останало непроменето во однос на претходниот месец откако се земат в предвид сезонските фактори.

Аналитичарите очекуваа раст од скромни 0,1 отсто, откако во април индустриското производство порасна за 0,6 отсто.

Во преработувачката индустрија производството во мај бележи пораст на месечно ниво од 0,4 отсто, додека производството во енергетскиот сектор е намалено за 3,1 отсто, а во градежниот за 0,5 отсто.

Претходно беше соопштено дека индустриските нарачки во мај се намалиле за 0,2 отсто во однос на претходниот месец кога забележаа скок од 2,2 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП