29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекој втор Французин за Грекзит, Финска против ублажувањето на условите за Атина

Секој втор Французин за Грекзит, Финска против ублажувањето на условите за Атина

evropska-unija-13

Секоја втор Французин сака Грција да ја напушти еврозоната, а финскиот министер за финансии Александер Стуб и порача на Грција дека не може да очекува поблаги услови за финансиска, бидејќи на оваа земја отпаѓаат 10 отсто од финскиот буџет.

Според анкетата објавена во вторникот во дневниот весник Le Parisien, резултатот од испитувањето на јавното мнение во Франција покажало дека повеќе од половината, или 55 отсто од испитаниците, сакаат Грција да ја напушти европската монетарна унија.

Тоа претставува е пораст од 39 отсто, во однос на процентот Французи коишто сакале Грекзит пред еден месец, што укажува на растечката фрустрираност од ситуацијата во Грција, дури и во Франција, чии политичари ја поддржуваат Атина. Анкетата е направена во понеделникот, ден откако Грците на референдум ја отфрлија последната понуда на меѓународните кредитори за продолжување на финансиската помош со дополнителни мерки за штедење.

Во најновата анкета којашто за весникот ја направила агенцијата за истражување на јавното мнение Odoxa, во споменатиот процент се изјасниле и дела Грција треба да добие рок за отплата на долгот, но без да се отпишува дел од него, додека само 7 отсто очекуваат целосно отпишување, а 22 проценти се за уште едно отпишување на дел од грчкиот долг, покрај 107 милијарди евра пред две години.

Истовремено финскиот министер за финансии Алексанбдер Стуб, предупреди дека „помошта за Грција претставува 10 отсто“ од буџетот на неговата земја. „Не можеме да позајмуваме без услови“, појасни и порача, ако и другите министри од еврозоната пред нивниот самит во вторник навечер, дека сега грчката влада треба да објасни што сака.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП