24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчки референдум: Меркел загуби, Европа се подели

Грчки референдум: Меркел загуби, Европа се подели

grcija 35

Германската канцеларка е на ударот на европскиот печат по грчкиот референдум на кој Грците уверливо кажаа „не“ на намерите на доверителите, чија програма најмногу имаше поддршка од Ангела Меркел, па оттаму се оценува дека таа е најголемиот губитник во овој случај.

Одредени европски челници ги разбираат резултатите од грчкиот референдум како пораз на германската канцеларка Ангела Меркел, пишува британски The Telegraph.

Така, поранешниот министер за образование на Франција, Беноа Амон, изјави дека Меркел и Германија загубиле, а францускиот претседател Франсоа Оланд ја истакна можноста „да се обнови лидерството“ на неговата земја во Европа. Во регионот се имаат акумулирано многу длабоки противречност, коишто грчката криза ги исфрли на површината – финансиските „тешкаши“ во Европа „се раскараа како дечиња во игра“, а сега некои од нив, особено Франција, сакаат да ја искористат грчката криза за да го изменат балансот во своја полза, се вели во написот.

Ангела Меркел во решавањето на грчкото прашање се обиде да ја комбинира својата страст за Европската унија со навреденоста на германските даночни обврзници, кои се неопходни да ја поддржуваат грчката корумпирана економија. Но во атмосферата на резултатите од референдумот, германската канцеларка остана тврда и пред одржувањето на самитот на еврозоната (вторник навечер), изјави дека не гледа смисла да се разгледува нова програма за помошта за Грција, истакнува The Telegraph.

Меркел во значителна мера ја зајакна тврдата позиција во однос на Грција поради растечкото незадоволство од страна на нејзините сопартијци во Христијанско демократската унија (CDU), како и меѓу нејзините сојузници во парламентарната коалиција, меѓу кои сé погласни се противењата за каква и да е помош на Грција. Мотото на канцеларката „таму каде што има волја, ќе има и излез“, се покажа неприменлива во грчкиот проблем. Сега, и покрај ставот да не влезе во историјата како челник кој го урнал европскиот проект, на Ангела Меркел не ѝ преостанува ништо друго, туку зацврстување на позициите во преговорите со Атина, пишува, пак, The Guardian.

Голем број набљудувачи грчката должничка криза, особено случувањата последните седмици, ги нарекуваат „најниската точка“ од владеењето на Ангела Меркел, и сметаат дека токму грчкото прашање може да и ги одземе нејзините шанси за победа, на изборите за канцеларка во 2017-та година, истакнува другиот британскиот весник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП