16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото ослабна, во фокус самитот на еврозоната за Грција

Еврото ослабна, во фокус самитот на еврозоната за Грција

evro=evrioooooo-evra

Курсот на еврото ослабна во вторникот кон доларот и британската фунта на светските берзи, откако се намалија приносите на 10-годишните германски обврзници, при што фокусот на инвеститорите се задржа на Грција.

Еврото во ваков амбиент се намали кон доларот за 0,3 отсто, на 1,1025 долари, но се задржа над 1,0969 долари на колку што се спушти во еден момент во понеделникот. Кон британската фунта еврото ослабна 0,4 отсто, на 70,80 поени, при што на британската валута и оди од рака тоа што инвеститорите се обидоа во неа да најдат сигурно прибежиште за својот капитал во неизвесни времиња.

Падот на приносите на германските обврзници и курсот на еврото уследи откако Европската централна банка (ЕЦБ) одлучи да го задржи досегашниот износ на итна помош за потребите на ликвидноста на грчките банки. И натаму се присутни стравувања дека грчките банки наскоро ќе останат без пари и дека грчките проблеми ќе се прошират на останатите јужноевропски држави.

Според трговците, наредните 24 часа би можеле да бидат клучни. Лидерите на еврозоната и министртите за финансии се состануваат денеска во Брисел за да ги разгледаат грчките прашања, а изостанокот во напредокот во преговорите веројатно ќе ги зајакне притисоците врз еврото.

Со оглед дека Атина не ги исполни своите обврски кон кредиторите, а Грците одлучија да ги одобрат строгите услови за натамошна финансиска помош на референдум минатиот викенд, курсот на еврото падна од највисоките 1,14 долари забележани кон средината на јуни, но изостана бран на панични продажби, толкуваат аналитичарите. Една од причините е очекувањата дека ЕЦБ ќе преземе мерки, вклучително и дополнително квантитативно олабавување заради стабилизација на пазарот.

„Еврото само благо се намали, а веројатно состојбите ќе стана поинтересни доколку се спушти под 1,0970 долари. Пазарите во оваа фаза се опшутени бидејќи очекуваат дека ЕЦБ ќе преземе мерки против ширење на проблемот доколку се случи Грција да излезе од еврозоната“, рече Џереми Стреч, валутен аналитичар во компанијата CIBC World Markets.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП