25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел на Грците им нуди отпис на дел од долгот, но и...

Меркел на Грците им нуди отпис на дел од долгот, но и излез од еврозоната

merkel-euro-greece

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе предложи да и биде отпишан дел од долгот на Грција, но ќе побара Атина да излезе од Еврозоната, пишува тиражниот германски весник Bild.

Весникот наведува дека нема да има нов пакет финансиска помош за Грција, односно дека Германците не сакаат да учествуваат во каков и да е нов кредитен систем за Атина. Меркел, како што оценува весникот, е подготвена да понуди простување на дел од долгот и да ја повика Европската унија да им помогне на Грците преку хуманитарни донации, а во обновата на економијата Грција ќе ги има на располагање европските фондови.

Како што се шпекулира, Меркел смета дека грчкото враќање на драхмата долгорочно би било исплатливо, имајќи предвид дека слабата национална валута би значела полесен извоз на грчката стока и зголемен број на туристи, што би овозможило отворање на нови работни места.

Медиумите веќе објавија дека грчкиот премиер, Алексис Ципрас во вторник на состанокот на шефовите на Еврозоната ќе го претстави новиот предлог за решавање на грчката криза, односно ќе побара на Грција да ѝ се отпише 30 отсто од долгот.

Меѓутоа, грчкиот дневен весник Kathimerini наведува дека од 18 премиери или шефови на држави од Еврозоната дури 16 се против отпис на долгот. Тие сакаат Грција да биде исфрлена монетарната унија.

Најблиски сојузници на Ципрас моментално се премиерите на Франција и Италија, Мануел Валс и Матео Ренци, кои и натаму сакаат да се постигне договор, дури и тоа да значи отпис на грчките долгови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП