25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ и натаму најплатен

Ѓоковиќ и натаму најплатен

novakkk

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ со 3.217.469 долари се наоѓа на првото место на листата на тенисери според заработувачката од турнирите во оваа сезона.

На второто место се најде Британецот, Енди Мареј со 1.471.055 долари, трет е Шпанецот, Рафаел Надал со 1.420.210 долари до кои дојде по победата на турнирот во Индијан Велс. Додека четвртфиналистот на последниот турнир, Хуан Мартин дел Петро се најде на четвртото место со заработувачка од 1.094.751 долари.

Во конкуренција на тенисерките и натаму води Викторија Азаренка од Белорусија со заработени 3.007.651 долари, додека втора е победничката на Индијан Велс, Русинката Марија Шарапова со 1.608.892 долари, а третото место и припадна на На Ли од Кина која досега своето конто го збогати со 1.365.879 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП