20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПотпишан највредниот договор во историјата

Потпишан највредниот договор во историјата

avion2

Француската компанија „Ербас“, најголемиот производител на авиони во светот, го потпиша највредниот договор во историјата со индонезиската компанија „Лајон Ер“.

Генералните директори на „Ербас“ денес потпишаа договор за производство на 234 авиони вредни 18,4 милијарди евра.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека овој договор претставува инспирација за француската економија и за цела Европа, која сеуште се наоѓа во економска криза.

Во моментот кога стапката на невработеност во Франција е поголема од 10 проценти, компанијата „Ербас“ најави дека авионите ќе ги произведува во Франција и дека во нивното производство ќе бидат вклучени 5.000 работници.

„Ербас“ е гордоста на Франција и цела Европа, еден од столбовите на економијата“, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд.

„Договорите како што е овој, се пример за нашата економија и за тоа што таа може да стори“, додаде тој.

Првите авиони треба да бидат испорачани до 2014 година, а повеќето од авионите ќе бидат опремени со мотор со ефикасна потрошувачка на гориво, односно новиот модел кој неодамна е развиен.

„Лајон Ер“ минатата година нарача 230 авиони од конкурентската компанија Боинг што претставуваше најголемата нарачка на авиони за таа компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП