23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките во Кипар затворени до четврток

Банките во Кипар затворени до четврток

kipar

Банките во Кипар ќе останат затворени до четврток 21 март, што значи дека граѓаните ќе можат да ги подигнат своите депозити еден ден покасно, односно во петок. Кипарскиот парламент претходно го одложи гласањето за еднократното оданочување на банкарските депозити кои се поголеми од 100.000 со каматна стапка од 9,9 проценти, а помалите депозити со каматна стапка од 6,75 проценти.

Банкарските службеници од Германија и останатите европски земји изјавија дека Кипар може да ги промени условите за добивање на странска финансиска помош, бидејќи првите предизвикаа огорчување кај населението, пренесува агенција АП.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека Берлин не стои зад предлогот за еднократно оданочување на сите депозити во кипарските банки.

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис се сретна со претставниците од Парламентот да се договори за условите за добивање на странска помош.

Претходно, беше договорено дека Никозија ќе добие помош од десет милијарди евра од ЕУ и ММФ за спасување на своите банки, но сите депозити да бидат оданочени.

По објавувањето на овој предлог, беше забележан пад на берзата во САД, Азија и Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП